Остварете ги вашите идеи со работните станици број 1 во светот.

Dell Precision е специјално дизајнирана серија за оние кои работат со апликации и бараат моќен хардвер за графика, 3D моделирање, симулации, оптимизиран за перформанси, доверливост и корисничко искуство.

Dell Precision серијата на работни станици е достапна во 3 варијанти – како Mobile – односно преносна работна станица (лаптоп), Tower односно десктоп и Rack (за во Rack ормар).

Главни Карактеристики:

Иновативен дизајн

Мобилните работни станици се потенки, полесни, премиум дизајнирани и имаат InfinityEdge, UHD, HDR и опција за екран на допир. Без разлика на димензиите не се прави компромис во однос на перформансите поради што се користат напредни термички технологии што ви овозможуваат да го одржувате вашиот систем да работи со голема брзина долго.

Исклучителни перформанси

Интензивните апликации на процесорот, професионалната nVIDIA графика и напредни термички дизајни го одржуваат вашиот систем тивок. Dell Optimizer за Precision е единствениот софтвер за оптимизација базиран на вештачка интелигенција кој автоматски ја сетира работна станица користејќи машинско учење за да обезбеди врвни перформанси.

Сигурност од клучно значење

Креативноста тече непрекинато на ISV тестирани и сертифицирани софтверски апликации.​ Намалете ги грешките поврзани со меморијата и сините екрани со Reliable Memory Technology (RMT) Pro, која работи заедно со меморијата за кодот за корекција на грешки (ECC). Намалете го ризикот од губење податоци со складирање способно за RAID.

Опремен за новите технологии

Направете скок во брзините на пренос на податоци на работните станици достапни со 5G. Креирајте и консумирајте виртуелна реалност/зголемена реалност (VR/AR) во 90 фрејмови во секунда. Работете апликации за вештачка интелигенција/машинско учење (AI/ML) со скалабилна меморија и професионална графика и процесори.

ISV серфикации на Dell Precision