Овозможувањето на работа од дома е еден од начините да им помогнете на вработените и клиентите да бидат безбедни.

Дури повеќе од половина од глобалниот тим на Dell работи од далечина, така што можеме да ви понудиме знаење како да имплементирате свое флексибилно дигитално работно место.

За секој вработен кој сега треба да работи од дома (или некоја друга локација), треба да се размислат следните аспекти:

  1. Дали корисникот има соодветно опкружување и опрема?
  2. Каков уред му е потребен за да може да ги извршува обрврските?
  3. Дали и кој дополнителен хардвер ќе му овозможи да ја задржи продуктивноста?
  4. Кои софтверски алатки му се потребни за работа од дома?

Ако корисниците треба да работат осум часа на ден, пет дена во неделата, повеќе дена на истата локација, лаптопот нема да биде доволен

Основното прашање што се поставува е дали корисникот има соодветно работно опкружување? Дали е тоа ергономско? Многу од нас обично кога сме дома работиме со лаптопите на каучот или додека седиме во кревет, што е во ред за неколку часа. Но, ако одеднаш треба да се работи осум часа на ден, пет дена во неделата, повеќе дена на истата локација, каучот и лаптопот нема да бидат доволни.

Лаптопот е секако основа за работа од дома

Важно е лаптопот да биде доволно моќен за завршување на обврските од една страна и доволно безбеден за корпоративните податоци да се целосно заштитени.

За оние на кои им треба најдоброто од бизнис класата Dell ја развива Latitude серијата.

Уредите се карактеризираат со врвна изработка на надворешноста и конфигурација создадена од внимателно избран и тестиран хардвер надополнет со квалитетна софтверска поддршка. Оваа серија практично ги обединува максималните перформанси со одлична мобилност и безбедност.

Кога станува збор за бизнис лаптопи со одличен дизајн и перформанси надополнети со пристапна цена Dell се издвојува со одличната Vostro 5000 серија. Новите Vostro 15“ 5510 и 16” 5630 имаат одлични перформанси благодарение на 10-тата генерација на Intel® Core ™ i5 и i7 процесори.

Дополнителен хардвер потребен за работа од дома

Освен овоможувањето на основни услови за работа потребно е да се размисли и за продуктивноста на оние кои ќе работат од дома. За да се постигне подобра преносливост и помала тежина лаптопите генерално се се помали поради што имаат помали екрани и тастатури што претставува проблем кога ќе треба да се работи на уредот со часови.

Монитор

IDC континуирано прави истражување на улогата на мониторите во продуктивноста на работењето. Забележано е дека 81% од вработените сметаат дека квалитетни монитори (поголема резолуција, подобра ергономија и бои) ќе го подобрат целокупното работно искуство.

Согласно претходното – дури и кога работат од дома на корисниците од огромно значење им е работната површина и секако мониторот.

Тастатура и маус

Освен мониторот важна улога играат и соодветни тастатура и маус. Ергономски сет од безжични тастатура и маус може да ја поедностави работата особено кога е потребно да се работи со текстови табели итн.

Слушалки

Доколку е потребно редовно да се комуницира и да се одржуваат видео состаноци слушалките се неопходен дел од опремата.

Докинг станица

Кога е потребно да се поврзат повеќе уреди едноставно ќе се соочите со проблемот на премалку порти кај современите лаптопи кои со цел да овозможат одлична преносливост и дизајн имаат се помалку порти за поврзување на уреди. Освен поврзувањето на екстрерни уреди и монитори – докинг станиците овозможуваат полнење на лаптопот.

Десктоп компјутер кој не зафаќа простор и е лесно пренослив?

Да, постои и вакво решение без разлика дали би го користеле дома или во канцеларија. Новите OptiPlex десктоп компјутери зафаќаат многу малку простор без притоа да има компромис во однос на перформансите. Dell нуди и варијанта Ultra small form factor – ултра мало куќиште кое се вградува во држачот за монитор.

Софтвер

За ИТ тимовите важно е и да имаат remote support решение како TeamViewer кое ќе им овозможи пристап до корисниците на кои им е потребна поддршка.

Освен хардверот за работа од дома важни се и соодветите софтверски алатки. Microsoft Office 365 е една од основите за работа. Дел од овој пакет е и Microsoft Teams апликацијата за соработка помеѓу тимот.

А што е со безбедноста на вашите корпоративни податоци? Потребно е да се размисли за целосно решение за менаџирање на безбедноста, заштита од хакерски напади и вируси. Едно од најдобрите решенија во овој домен е Symantec Endpoint Security Complete.