Свесни сме дека нашата посветеност кон клиентот не завршува со продажба на хардвер и софтвер!
МАКПЕТРОЛ АД Центар Dell се стреми да ги следи светските бизнис-трендови што се карактеризираат со продажба на услуги и целосни решенија.
За стекнување со Dell Authorised Service Partner сертификатот, МАКПЕТРОЛ АД Центар Dell беше посетен од експертите од Dell со цел ревизија на сервисниот центар во Скопје. По евалуацијата на ревизијата, Македонија може да се пофали со Dell сервисен центар на исто ниво како центрите ширум Европа и Америка.
Сервис 24×7
Нашиот тим на искусни информатичари е расположлив на територијата на цела Македонија по принципот 24 х 7. Воедно МАКПЕТРОЛ АД Центар Dell воспостави интегриран систем за следење на секој сервисен процес на Вашите уреди што ја подобрува ефикасноста на услужните процеси, помага во мониторирање на доверливоста на производите и стимулира персонализирана услуга за секаков тип корисници.