Свесни сме дека брзиот напредок на технологијата во целост бара реализација на се покрупни и покомплексни решенија кои ќе ги задоволат потребите за обработка, складирање и пренос на податоци. Целокупната ефикасност на организациите неминовно зависи од брзината и конзистентноста на ИКТ системите кои се имплементирани.

Токму поради овие причини ние целосно сме посветени на тоа да го соединиме најдоброто од технологијата со знаењето со цел да им овозможиме на нашите клиенти да работат поефикасно.

Во рамки на овие проекти ги комбинираме хардверот и софтверот кој го нудиме во партнерство со светските ИТ гиганти со нашето искуство и знаење. Во изминатите години реализиравме голем број на проекти за имплементација на целосни ИКТ решенија.

ИКТ решенијата ги подготвуваме согласно потребите на секој клиент поединечно. Закажете информативен состанок и дознајте како вашата организација може да се справи со ИТ предизвиците.

Во прилог се дадени примери од реализацијата на сложени ИКТ проекти:

 

Проект: Имплементација на Серверска, Сториџ и мрежна инфраструктура

DELL PowerEdge M1000е шасија
DELL PowerEdge M630 сервери
DELL Compellent SC4020 сториџ
DELL Networking C9010 Network Director
DELL Brocade M5424 Switch

Повеќе детали за проектот …