Уредите купени од Макпетрол Центар Dell имаат право на бесплатна дијагностика во и вон гарантен рок.
Дијагностиката на уредите донесени во сервис за сите останати клиенти се наплатува и чини 1000 денари, сума која се одбива од вкупната цена на поправка доколку биде прифатено сервисирањето.
Макпетрол се обврзува, на ваше барање, ако купениот производ пристигне во гарантниот рок, да на своја сметка го отклони дефектот, техничките недостатоци во рок од 30 дена или доколку не успее да го отклони дефектот на производот истиот да го замени со нов.
Гаранцијата започнува да тече од денот на купувањето на производот, за која цел на купувачот му се приложува заверен гаранциски лист (Име на организацијата, печат, датум на продажба и потпис).
Макпетрол А.Д. не ја признава гаранцијата во следниве случаи:
ако купувачот не се придржувал според упатството за употреба
ако производот го поправало неовластено лице
ако во производот се вградени неоргинални делови
ако купувачот нестручно и невнимателно ракувал со производот
оштетувања при транспорт по испораката
дефекти од неправилна монтажа и одржување
механички оштетувања предизвикани од корисникот
оштетувања предизвикани од пренапони на електричната мрежа
истекувања на батерии, виша сила итн.
утотреба на уредот во несоодветна работна околина (прашина, влага, статички електрицитет, просторија во која има високи електомагнетни зрачења…)
• Гаранцијата за батериите вградени во лаптопите изнесува 12 мес., освен во случај доколку таа се набави дополнително
• При појава на т.н. “мртви” пиксели на ЛЦД екрани за лаптопи и ЛЦД монитори гаранцијата е валидна во случај на постоење на повеќе од 5 такви.