Microsoft нуди огромна палета на софтверски продукти. Овие продукти главно би ги поделиле во неколку категории, и тоа:
Десктоп и серверски оперативни системи:
Microsoft Windows и Microsoft Windows Server – достапни во неколку варијанти наменети за различни типови корисници,
Апликациски пакети, како што е Microsoft Office, како и познатите серверски алатки, како што се Microsoft SQL, Microsoft Exchange и други развојни алатки.
Cloud сервисиво оваа категорија би ги издвоиле Office 365 и Microsoft Azure, како и најновиот Microsoft 365 пакет.

Во последните години Microsoft сериозно инвестира во развојот на продукти во нивната cloud околина, односно во понудата се повеќе се издвојуваат пакети кои за месечна претплата овозможуваат изнајмување и користење на софтверските пакети и решенија.

Microsoft 365 / Office 365

Основа на овој пакет се апликациите од Microsoft Office кои сега во комбинација со други Cloud усуги може да се изнајмат за симболичен месечен надоместок.

Главни предности на Office 365
– секогаш ја добивате најновата верзија на Office апликациите
– секој корисник може да ги користи апликациите на до 5 уреди односно вработениот добива право освен на службениот компјутер апликациите легално да го користи и на своите лични уреди
– пристап до било кој документ, од било кој уред, од било која локација преку облакот на Microsoft
– лесно додавање на нови корисници
– безбедно и лесно менаџирање на е-поштата

Повеќе за Office пакетите