Свесни сме дека денес поддршката е навистина важен фактор при изборот на продавач на опремата, поради тоа ние нудиме повеќе различни опции за гаранција и пост продажен сервис.

Како типови на гаранција и пост продажен сервис можни се следните опции:

  • RTD Consumer (Standard): гаранција каде што корисникот е должен опремата да ја донесе во нашиот сервис, или друг, од наша страна овластен сервис. Овој тип на гаранција се однесува на следните серии од Dell: Inspiron, XPS, Alienware, Vostro како и опрема од други производители. Достапност на сервисот е секој работен ден од 08-16 часот. Притоа времето на поправка е 30 календарски денови.
  • RTD (Standard): гаранција каде што корисникот е должен опремата да ја донесе во нашиот сервис. Исклучок е опремата на сериите од Dell и тоа: PowerEdge, PowerVault, Compellent и EqualLogic каде што наши сервисери одат на локацијата на корисникот и притоа доколку се работи за дефект во Скопје интервенцијата е бесплатна, а доколку се работи за интервенција низ територијата на Република Македонија се наплатуваат само патни трошоци, со време на одзив од 1 работен ден. Достапност на сервисот е секој работен ден од 08-16 часот. Притоа времето на поправка е 10 работни дена за опремата од фирмата Dell и 30 календарски денови за опрема од други производители.
  • NBDO (Onsite): гаранција каде што наша должност е да одиме на локацијата на корисникот и таму да се сервисира опремата или доколку е потребно опремата ја преземаме во нашиот сервис, се сервисира и потоа ја враќаме на кај корисникот. Достапност на сервисот е секој работен ден од 08-16 часот со време на одзив од максимум 1 работен ден. Притоа времето на поправка е 10 работни дена за опремата од фирмата Dell и 30 календарски денови за опрема од други производители.
  • NBDR-RTD: гаранција каде што корисникот е должен опремата да ја донесе во нашиот сервис. Достапност на сервисот е секој работен ден од 08-16 часот. Притоа гарантирано време на поправка е 1 работен ден.
  • NBDR (Next Business Day Repair): гаранција каде што наша должност е да одиме на локацијата на корисникот и таму да се сервисира опремата. Достапност на сервисот е секој работен ден од 08-16 часот со време на одзив од максимум 1 работен ден. Притоа гарантирано време на поправка е 1 работен ден.
  • 24×7 (Onsite): гаранција каде што наша должност е да појдеме на локацијата на корисникот и таму да се сервисира опремата или доколку е потребно опремата ја преземаме во нашиот сервис, се сервисира и потоа ја враќаме кај корисникот. Достапност на сервисот е 24×7 (24 часа, 7 дена во неделата) со време на одзив од максимум 1 ден. Притоа гарантирано време на поправка е 1 ден.
  • 24×7 (Gold): гаранција каде што наша должност е да појдеме на локацијата на корисникот и таму да се сервисира опремата. Достапност на сервисот е 24×7 (24 часа, 7 дена во неделата) со време на одзив од максимум 2 часа во Скопје или 4 часа низ територијата на Република Македонија. Притоа гарантирано време на поправка се 6 часови.

 

Доколку сте заинтересирани за набавка на уред со посебен тип на гаранција или пост продажен сервис контактирајте го секторот за продажба