Големопродажбa

Кога се работи за ИКТ инфраструктура секоја компанија бара индивидуален пристап односно специјално дизајнирано решение кое ќе одговори на моменталните потреби како и на потребите кои ќе се јават во иднина со развојот на таа организација.

Нашите специјалисти за продажба ќе ви помогнат да го одберете вистинското решение кое ќе одговори на вашите потреби и буџет!

Решенијата кои ги нудиме се базирани на нашето долгогодишно искуство. Посветени сме на креирање на решенија кои на наште клиенти ќе им овозможат подобра продуктивност и поголеми можности за развој.

Макпетрол е партнер на Dell за Македонја уште од 1996 година. Покрај ова партнерство во изминатите две децении изградивме партнерства со реномирани светски брендови од ИКТ индустријата како Microsoft, Symantec, VMware, Cisco, Veeam и други.