МАКПЕТРОЛ АД – Центар Dell е една од најголемите и најискусни ИТ компании во Република Македонија. Денес ние сме водечки систем интегратор и на нашите клиенти им нудиме врвни технолошки решенија.

Решенијата кои ги нудиме се базирани на нашето долгогодишно искуство. Посветени сме на креирање на решенија кои на наште клиенти ќе им овозможат подобра продуктивност и поголеми можности за развој. МАКПЕТРОЛ АД – Центар Dell денес е партнер на повеќе светски гиганти, како што се Dell EMC, Symantec, Microsoft, Cisco, VМware, Veeam и други.

Визијата на МАКПЕТРОЛ АД – Центар Dell е да го соединиме најдоброто од технологијата со знаењето со цел да ги инспирираме луѓето и организациите да работат поефикасно.

Ние сме посветени на тоа да бидеме лидери во нашата област. Наша цел е на клиентите да им обезбeдиме:

  • Висок квалитет на производи, услуги, совети за постигнување идеално ИТ решение;
  • Континуирано модернизирање на своите производи и услуги, едукација и сертификација на своите вработени за сите тековни новитети, анализа на пазарот и истражување на потребите на корисниците;
  • Комплетни систем интеграторски решенија на своите клиенти преку поставување на целосната инфраструктура, мрежна пасивна и активна опрема, интеграција на целокупната компјутерска опрема, инсталација на други системски решенија што ќе овозможат безбедно, брзо и сигурно работење во компанијата и по желба дизајнирање на апликативни решенија кај определени купувачи;

За да се оствари оваа визија нашето работење е базирано врз неколку главни начела, и тоа:

  • Партнерства со водечки светски ИТ компании како што се Dell, Symantec, Microsoft, Cisco, VMware, Veeam и други.
  • Во нашата деловната филозофија клиентите се секогаш на прво место, и секогаш сме посветени на задоволување на барањата на истите, нудејќи квалитет и воспоставување светски стандарди на македонскиот пазар;
  • Тимска работа во компанијата, создавање пријатна атмосфера и солидни услови за работа за секој поединец, притоа, се разбира, следејќи ги ISO стандардите (9001, 14001, 27001).;
  • Постојана едукација на својот кадар следејќи ги новитетите на ИТ индустријата во светот.

Почетоците на МАКПЕТРОЛ АД на полето на информатиката се појавуваат уште од 70-тите години. Најпрво работи на воспоставување на свој сопствен информационен систем, а подоцна, кон крајот на 80-тите, МАКПЕТРОЛ се појавува како компанија што нуди софтверски решенија, и успева да реализира многубројни проекти во Македонија, како и да имплементира решенија во неколку компании ширум поранешна Југославија како ПТТ Пула, Кикинда и други.

Имајќи го во предвид брзиот раст на информатичката технологија, од 1996 година МАКПЕТРОЛ АД станува застапник на Dell

Првата партнерска плакета (1997)