Последната генерација на Dell Latitude е достапна за нарачка во Макпетрол Центар Dell.

Под мотото Most intelligent business PCs for mobility Dell ја промовира последната генерација на лаптопи од висока бизнис класа распоредени во четири серии односно Latitude 3000, 5000, 7000 и 9000 серија.

Latitude класата нуди врвен квалитет и перформанси во едно единствено пакување. Изборот на соврешениот уред Dell го прави уште полесен со поделбата во 4 серии прилагодени за различни групи на корисници.

Latitude 3000 серијата е атрактивна за нашиот пазар поради достапната цена по која може да се добие уред од висока класа. Иако станува збор за уреди чија цена е атрактивна и блиска до уредите од пониските класи наменети за домашна употреба Latitude 3000 нуди многу повеќе. Внимателно избраните компоненти се оптимизирани и тестирани за одлично корисничко искуство.

Latitude 5000 претставува “златната средина“ кај бизнис класата на Dell – оваа сеија претставува најчест избор поради одличните можности за менаџирање, поврзување на докинг станица, дополнителните системи за безбедност итн. Главно оваа серија е прв избор на големите компании кои сакаат да добијат уред по нивна мерка по разумна цена.

Latitude 7000 е ексклузивна серија на Ultrabook преносни компјутери во бизнис класата на Dell – оваа серија се состои од уреди со врвна изработка и квалитет. Овде се вградени внимателно одбрани материјали и компоненти – а главна цел е да се добие лесен, компактен и исклучително моќен производ.

Latitude 9000 е најновата супер ексклузивна серија на Ultrabook преносни компјутери на Dell – целта оваа серија е да се добие лесен, компактен и моќен лаптоп во 2 варијанти како 14″ 2во1 уред или со голем 15″ екран и батерија која овозможува 30 часа работа.
Latitude 9000 серијата го носи најлесниот 15″ лаптоп во продажба со тежина од само 1,4kg и InfinityEdge екран.

Зошто Dell Latitude?

Latitude серијата традиционално е прв избор за бизнис поради врвниот квалитет кој Dell го нуди кај оваа класа. Уредите се карактеризираат со квалитетна изработка на надворешноста која е едноставна што може и да се очекува за уред кој е наменет за бизнис употреба. Но затоа внатре се крие одлично подготвена конфигурација која е создадена од внимателно избран хардвер кој надополнет со одлична софтверска поддршка е тестиран и оптимизиран за да може да испорача максимално добри перформанси за корисникот. Dell обрнува особено внимание на поддршката кај оваа серија, затоа и гарантниот рок кај овие уреди е 3 или 5 години. Освен хардверот за разлика од многу други производители Dell редовно прави надградби во делот на софвтерската поддршка, па може да очекувате дека драјверите редовно ќе бидат надградувани многу години по купувањето на уредот.

Does your PC know you?