Макпетрол во својата понуда вклучува уште еден бренд кој се занимава со IT безбедноста – eScan.

eScan е производ на компанијата MicroWorld и е високо рангиран според многу светски лаборатории кои се занимаваат со оценување на безбедносни софтвери. Во декември 2015 eScan ја добива титулата Top Rated Security Product for the year 2015 од AV-Comparatives.

Во нашата понуда се достапни пакети за домашна употреба, како и пакети за мали и средни претпријатија.

eScan за мали и средни претпријатија со “cloud” заштита

ИТ безбедноста е од заеднички интерес за сите компании, а малите и средните претпријатија не се исклучок. Малите и средните компании, исто така, се потпираат врз технологијата и мрежите како и големите претпријатија, но генерално не можат да си дозволат да одвојат средства за управување на безбедноста на нивната мрежа.
Најновата верзија на eScan за мали и средни претпријатија со “cloud” заштита е развиена со фокус врз растечките потреби за безбедност на малите и средните претпријатија. eScan за мали и средни претпријатија нуди следна генерација на заштита на корпоративно ниво за малите и средните претпријатија од вируси, шпионски софтвери, спам, фишинг, хакирање, кражба на податоци и “zeroday” закани по многу ниска цена. Централизираната веб-базирана администраторска конзола му помага на мрежниот администратор да воспостави заштита на компјутерите на клиентите за да се спречат инфекции со малициозен софтвер и да се зголеми продуктивноста преку контрола на веб пристап и контрола на апликации.

Прочитајте повеќе за можностите кои ги нуди ова решение кое се издвојува по ниската цена наспроти големиот број на можности.

Превземете ја брошурата за верзијата eScan за мали и средни претпријатија со “cloud” заштита