Во прилог се дадени информации за наш реализиран проект кој вклучува имплементација на решение за Серверска, Сториџ и мрежна инфраструктура во рамки на еден rack.

 

Dell M1000e Шасија

Во рамки на еден ормар се комбинира целокупната опрема и тоа:

DELL PowerEdge M1000е шасија
DELL PowerEdge M630 сервери
DELL Compellent SC4020 сториџ
DELL Networking C9010 Network Director
DELL Brocade M5424 Switch

Dell M1000e Шасијата овозможува подобрување на ефикасноста на серверската и податочната инфраструктура преку заедничко напојување, ладење, мрежна инфраструкура и централен менаџмент на серверите кои се наоѓаат во неа. Со Dell M1000e лесно може да се зголемува капацитетот, да се намалат оперативните трошоци истовремено давајќи подобри перформанси. Во рамки на шасијата се вградуваат DELL PowerEdge M630 сервери.

DELL Compellent SC4020

DELL Compellent SC4020 сториџ системот обезбедува високи перформанси, робусна функционалност и едноставност при користење. Нуди 8/16 Gbps Fibre Channel конекции, моќен менаџмент на системот и податоците и обезбедува висока заштита на податоците. Пристапот до сториџ системот е овозможен преку посебна менаџмент апликација “Storage Center” во која дадени адресите на сториџ системот за да се воспостави комуникација со сториџот.

Како начин на комуникација помуѓу серверите и DELL Compellent SC4020 8Gb FC сториџ системот се користи Fiber Chanel комуникацијата, преку овој начин на комуникација серверите ќе бидат во можност да добијат дисков простор од сториџ системот во зависност од потребите.

DELL Networking C9010 Network Director

За да се обезбеди редундантност до податоците од дисковите на сториџ системот секој од серверите е поврзан преку два Brocade M5424 FC8 Switch-а кoи се наоѓаат во шасијата m1000e со сториџот Compellent SC4020 редундатно и тоа на следнот начин: Секој свич е поврзан со по 2 оптички кабли со секој контролер од сториџот.
На овој начин серверите сеуште ќе имаат пристап до податоците и при испад на еден кабел, еден service processor (SP) и испад на свич. На овој начин е постигната висока достапност до пристапот на податоците од сториџ системот на секој од серверите. Бидејки сториџ системот DELL Compellent SC4020 8Gb FC и секој од свичовите DELL Brocade M5424 FC8 се поврзани со по два кабли удвоена е и брзината на пренос на податоци на 16Gbps.

DELL Brocade M5424 Switch

Dell C9010 мрежната шасија ја поедноставува мрежната инсталација, конфигурација и управување во покомплексни ИТ опкружувања, и ја продолжува функционалноста на “core” уредите до крајните мрежни уреди. Ова се постигнува со збивање на мрежните уреди од различни мрежни нивоа во единствен логички свич/ниво “tier”, со што се избегнуват комплексните протоколи преку кој се одвива комуникацијата меѓу влезните “access”  и “core/ aggregation” свичеви “tier”-и. Со тоа се централизира  управувањето и контролата на мрежниот сообраќај.

Dell C9010 мрежната шасија е свичинг платформа од следната генерација, које е модуларна, подржува различни брзини, протоколи и е дизајнирана да работи како core/ aggregation свич за средни и големи корпрации, кампуси и покомплексни податочни мрежи.

Функцијата на DELL Brocade M5424 Switch е да се обезбеди врски помеѓу серверите, и сториџ системот

Виртуелни LAN-ови

Виртуелни LAN (Local Area Network) се логични “подмрежи” subnetwork кои можат да групираат заедно колекција на уреди од различни физички мрежи. Поголемите компјутерски мрежи често поставуваат VLAN-ови за да се ре-партиционира нивната мрежа заради подобрување на управување со сообраќајот и поголема безбедност.

VLANовите се наменети да се групираат на уреди кои најчесто комуницираат меѓусебно. Сообраќајот помеѓу уредите, вообичаено е поделен во две или повеќе физички мрежи и треба да биде управуван од страна на мрежни рутери.
Но со VLAN сообраќај, тој сообраќај може поефикасно да биде управуван од страна на мрежните свич-еви прекинувачи.
VLAN-овите исто така носат дополнителни безбедносни придобивки во големите мрежи со тоа што овозможуваат поголема контрола на уредите во однос на тоа кој уреди би имале локален пристап меѓусебе.

Виртуелизација
Технологиите за вертуелизација станаа неизбежен дел од вообичајните ИТ инфраструктури.
Виртуелизација преставува креирање на виртуелна (а не физички) верзија на ИТ средина, вклучувајќи ги и оперативен систем (OS), уред за складирање итн…
Виртуелизацијата се одвива на истата хардвер платформа по инсталирањето на специфичен софтвер – хипервизор. Хипервизорот е дополнителен слој помеѓу физичка и виртуелна сфера; ги управува хардвер ресурсите на системот, така што тие се распределени флексибилно помеѓу виртуелните машини (VMS). Дистрибуцијата на системските ресурси за виртуелните машини ја извршува хипервизорот на флексибилен начин во зависност од оптовареноста на виртуелните машини. Софтверот употребуван од крајниот корисник работи на виртуелните машини, кои делат исти хардверерски и мемориски ресурси.