DELL

dell

Dell е американска IT компанија со седиште во градот Round Rock, Тексас, што се бави со производство и дистрибуција на ИТ опрема.

ЗА ПАРТНЕРОТ

Компанијата е основана во 1984 год. од страна на Мајкл Дел. Денес таа претставува една од најголемите IT корпорации во светот, со над 108.000 вработени низ целиот свет.

Уште од самите почетоци идејата на Dell производството се базира врз “build to order” пристапот, што и до ден денес ја прават единствена помеѓу ИТ компаниите.

Пристапот на ова производство се базира врз задоволувањето на потребите и барањата на секој купувач одделно. Со цел да се намали времето помеѓу порачка/испорака, главната полиса на производството на Dell Inc. е имплементацијата на just-in-time (JIT) производствениот пристап, што воедно претставува уште еден белег на оваа компанија. За тоа колку е Dell успешна компанија, зборува првото место на “large enterprise” во секцијата PC провајдер.

Имајќи го во предвид брзиот раст на информатичката технологија, од 1996 година МАКПЕТРОЛ АД станува застапник на Dell.

Денес гордо го носиме статусот Dell Partner Premier – највисоко ниво на партнерство со Dell

ШТО НУДИМЕ

Од персонални компјутери до серверски решенија за Вашиот бизнис. Пронајдете го Вашиот десктоп, лаптоп, монитор, принтер или други компјутерски додатоци.

  • OptiPlex  десктоп компјутери со напредна технологија, приспособени за современите потреби на бизнисот
  •  Latitude преносни компјутери со напредна технологија, како и small/home user лаптопите од сериите Vostro, Inspirion, XPS и Alienware.
  • Precision работните станици поседуваат ISV сертификат за работа со напредни графички и бизнис апликации.
  • PowerEdge сервери што ги поддржуваат последните ИТ трендови врзани за виртуелизација, Cloud computing итн.
  •  Tape Storage (Drives, Autoloaders & Libraries), NAS, DAS, SAN (iSCSI и Fiber Channel).
  • PowerConnect преклопниците (switches) овозможуваат поврзување на Вашата комплетна инфраструктура.
  •  Принтери, проектори, монитори и други производи со најразлични перформанси.

ПОВЕЌЕ…
Visit our Dell