Dell Mobile Connect овозможува правење и примање на повици, пишување на пораки, префрлување на датотеки и повеќе директно од компјутерот
Во денешно време претпоставката е дека скоро се што правиме е преку мобилните телефони и дека ништо друго веќе и не ни е потребно. Сепак, повеќето од нас работиме преку компјутер, а мобилниот е тука до нас за цело време да ги проверуваме новите известувања, друштвените мрежи и слично.
Не е случајно што се доста популарни неколку достапни решенија за поврзување на мобилните со компјутерите и со тоа да се овозможи проверка на сите работи кои сме навикната да ги правиме на мобилните телефони, директно од компјутерот.
Dell нуди сопствено решение, па корисниците можат да ги поврзат своите два најважни уреди за многу подобро корисничко искуство.
Користењето е едноставно и работи на локалната мрежа, што значи дека корисниците не треба да се грижат за својата приватност, а и безбедност.
Кои функции ги овозможува Dell Mobile Connect
Идејата зад Dell Mobile Connect е да се тргне потребата од константно проверување на телефонот и се што е потребно да се заврши преку компјутерот. Ова е доста корисно кога активно се работи од компјутерот, па мобилниот телефон може да претставува пречка.








Затоа со Dell Mobile Connect може да се направат сите активности кои се прават со мобилниот телефон, односно:
- Правење и добивање на телефонски повици кои може да се направат со микрофонот и звучниците од компјутерот
- Пристап до контактите од мобилните телефон
- Испраќање и добивање на SMS пораки со предноста да истите се пишуваат преку тастатурата од компјутерот
- Прикажување на екранот од мобилниот и со тоа можност да се користи било која апликација користејќи ги тастатурата, глувчето или екранот на допир од компјутерот
- Префрлување на датотеки, односно слики, документи, видеа и слично
Апликацијата е достапна на Android и iOS.
You must be logged in to post a comment.