Како најдобар избор кога се бара врвен лаптоп се наметнува Dell XPS серијата која огромен број на светски познати портали за технологија ја селектираа за бр.1 избор на лаптоп. Оваа серија се карактеризира со ултра тенок дизајн и нуди врвна изработка на куќиштето кое се одликува со исклучително тенка рамка околу екранот и тежина од само 1.2 kg.

Dell XPS моделите се достапни во 3 варијанти XPS 9300 – 13,4″, XPS 9500 – 15,6″ и XPS 9700 – 17″

XPS 9300 – 13,4″

Најновиот XPS 13 има нов 16:10 дисплеј, поголема тастатура за 17% во споредба со претходната генерација, екран на допир и 10-та генерација на Intel® процесори.
Елементите како што се дисплејот, копчињата и тастатурата, се сè поголеми за полесно, пооптимизирано корисничко искуство. XPS 9300 има 6,8% поголем 16:10 дисплеј, поголема тастатура за 17% со позадински осветлување од работ до раб и поголеми копчиња се во функција на подобро корисничко искуство.

Новиот дизајн на шарки го олеснува отворањето, додека лаптопот останува стабилен кога користите екран на допир.

Револуционерна веб камера: Новата веб-камера на XPS 13 не е само помала (само 2,25 мм) – исто така е и подобра. Новите леќи со 4 елементи користат повеќе елементи од типична веб-камера за да испорачуваат остри слики, камерата поседува користи напредно намалување на noise што значително го подобрува на квалитетот на видеото, особено во услови на слабо осветлување.

XPS 9300 има 6,8% поголем 16:10 дисплеј, поголема тастатура за 17% со позадински осветлување од работ до раб

XPS 9500 – 15,6″

Лаптоп од 15 инчи е совршен уред за оние кои сакаат поголем екран и дополнителни перформанси, XPS 9500 се одликува со потенок дизајн од претходникот за 8%, без жртвување на основните елементи како приклучокот за слушалки или целосна SD картичка за практично пренесување на слики од вашата камера на вашиот лаптоп додека сте во движење.

Во 15 инчното куќиште спакувани се неверојатни перформанси, процесорите од 10-тата Intel® Core генерација носат перформанси на десктоп на вашиот лаптоп. Со до i7 процесори со 8 јадра и 16 нишки, од 10-тата Intel® Core генерација можете слободно да креирате, уредувате и споделувате побрзо од кога било досега.

GeForce® GTX 1650 Ti дедицираната графичка ги забрзува креативните апликации што ги користите секој ден.

XPS 9700 – 17″

Кај XPS 9700 – 4-страниот InfinityEdge дисплеј овозможува неверојатен сооднос на екранот со шасијата (93,7%) што го прави овој 17-инчен уред со големина на куќиштето не поголема од стандардните 15 инчни лаптопи. Всушност, тоа е помало од 48% од 15-инчните лаптопи.

Овој 17 инчен лаптоп тежи само 1.83 kg што е полесно од многу 15 инчни модели.

И покрај одличниот дизајн и ултра лесното куќиште и овој модел лесно ќе го отворите со 1 рака и благодарение на новиот дизајн на шарки лаптопот останува стабилен кога користите екран на допир.

Што се однесува до перформансите и овој модел нуди неверојатни перформанси. Со i7 процесори со 8 јадра и 16 нишки, од 10-тата Intel® Core генерација можете слободно да креирате, уредувате и споделувате побрзо од кога било досега.

Новите XPS модели се веќе достапни за преднарачка – резервирајте го вашиот: