Пристигна новата генерација на Dell Latitude и Latitude 2in1 преносни компјутери.
Под мотото Office everywhere – Dell ја промовира новата генерација Latitude која овозможува да ги завршите вашите обврски од било каде.
Најдоброто од бизнис класата на преносни компјутери сега со уште подобри опции. Dell Latitude и Latitude 2in1 преносните компјутери од последната генерација освен стандардниот висок квалитет и издржливост сега доаѓаат во уште повеќе варијанти прилагодени за секој бизнис корисник.
Стандардно уредите се распоредени во 3 класи 7000, 5000 и 3000.
Особено внимание се посветува на највисоката 7000 серија ексклузивни преносни уреди. Тие доаѓаат во ултралесно пакување и носат врвни перформанси. Дополнително изборот е проширен со 2во1 уреди од Latitude 7000 серијата кои се одлично решение за сите оние кои работат во движење.