Макпетрол гарантира беспрекорно функционирање на купениот производ во гарантниот рок доколку се придржувате на упатства за употреба од производителот на опремата.
Доколку се соочувате со било каков проблем при користењето на вашиот уред набавен од Макпетрол АД контактирајте ја нашата техничка поддршка.
Макпетрол се обврзува, на ваше барање, ако купениот производ пристигне во гарантниот рок, да на своја сметка го отклони дефектот, техничките недостатоци во рок од 30 дена или доколку не успее да го отклони дефектот на производот истиот да го замени со нов.
Гаранцијата започнува да тече од денот на купувањето на производот, за која цел на купувачот му се приложува заверен гаранциски лист (Име на организацијата, печат, датум на продажба и потпис).
Макпетрол А.Д. не ја признава гаранцијата во следниве случаи:

ако купувачот не се придржувал според упатството за употреба
ако производот го поправало неовластено лице
ако во производот се вградени неоргинални делови
ако купувачот нестручно и невнимателно ракувал со производот
оштетувања при транспорт по испораката
дефекти од неправилна монтажа и одржување
механички оштетувања предизвикани од корисникот
оштетувања предизвикани од пренапони на електричната мрежа
истекувања на батерии, виша сила итн.
утотреба на уредот во несоодветна работна околина (прашина, влага, статички електрицитет, просторија во која има високи електомагнетни зрачења…)

• Гаранцијата за батериите вградени во лаптопите изнесува 12 мес., освен во случај доколку таа се набави дополнително
• При појава на т.н. “мртви” пиксели на ЛЦД екрани за лаптопи и ЛЦД монитори гаранцијата е валидна во случај на постоење на повеќе од 5 такви.

Замената на хардверските компоненти во случај на дефект или надоградба и менување на оригиналната конфигурација на купената компјутерската опрема, е дозволена само во сервисот на Макпетрол А.Д., во спротивно гаранцијата престанува да важи.
Контакт: сервис и поддршка