VMware

vmware

Најдобрата платформа за виртуелизација

ЗА ПАРТНЕРОТ

Vmware е компанија за виртуелизационен софтвер, основана во 1998 година со седиште во градот Palo Alto, држава Калифорнија.  Компанијата е основана од страна на Diane Greene, Mendel Rosenblum, Scott Devine, Edward Wang и Edouard Bugnion.

VМware View 5

VМware View 5 – ги пренесува десктоп сервисите од нашата виртуелна околина, давајќи му на корисникот слобода, како и управување и контрола на IT инфраструктурата. Се овозможува едноставна и автоматска употреба на илјадници десктопи, имплементирајќи сигурна десктоп околина како сервис на корисниците од централна локација со ниво на достапност и сигурност поголема од традиционалните десктоп компјутери. Со ова истовремено се овозможува највисоко ниво на флексибилност и мобилност на корисниците.

VMware vSphere

Vmware vSphere во индустријата е најкомплетна виртуелизациска платформа, со такви инфраструктурни сервиси што трансформира IT hardware во една виртуелна компјутерска платформа со високи перформанси и апликациски сервиси што и помагаат на IT организацијата да добие највисока достапност, сигурност и скалабилност.

Најдобрата платформа за Cloud инфраструктура

VMware vSphere е водечка виртуелизациска платформа за градење на Cloud инфраструктури.

vSphere е најдобрата платформа за креирање приватна, јавна и хибридна cloud инфраструктура и е единственото виртуелизациско решение што нуди еволутивен пат до Cloud компјутерството.

vSphere пакети и изданија

vSphere Essentials Kits – Дизајнирани исклучиво за мали и средни бизниси со помалку од 20 физички сервери, нудат enterprise класа на виртуелизација со интегрирани менаџмент и континуирани бизнис карактеристики.

Пакети:

  • Essentials: овозможува оптимална виртуелна инфраструктура (up to 6 processors, 3 hosts)
  • Essentials Plus: (Essentials) (+) овозможува high availability (up to 6 processors)
  • Standard: поголема инфраструктура (up to 8 processors)
  • Enterprise: овозможува fault tolerance
  • Enterprise Plus: употребува advanced networking technology за поголема заштеда

ПОВЕЌЕ…