TeamViewer представува целосно софтверско решение за далечинско пристапување и поддршка, администрација, состаноци, презентации, тимска работа и работа од дома. Во моментов TeamViewer е најкористениот софтвер за далечинско присапување и техничка поддршка преку интернет. 

Teamviewer Client Software

На дневно ниво се остваруваат повеќе од 20 милиони сесии за поддршка преку  TeamViewer. Податоците на корисниците се заштитени преку 256Bit AES енкрипција, а датацентрите на TeamViewer се сертифицирани според ISO27001.

Макпетрол А.Д. – Центар Dell е единствен авторизиран партнер за продажба на TeamViewer за територијата на Македонија.

Ова партнерство е дел од нашата заложба на нашите клиенти да можеме да им пружиме најсовремени ИКТ алатки кои ќе придонесат за поголема ефикасност во работењето и подобри резултати.

Од портфолиото на TeamViewer ги нудиме лиценците за TeamViewer  и ITbrain. 

TeamViewer има 3 пакети и тоа Business, Premium и Corporate претплата. 

Лиценца Начин на претплата
TeamViewer Business Subscription  годишна претплата
TeamViewer Premium Subscription годишна претплата
TeamViewer Corporate Subscription годишна претплата
ITbrain Monitoring & Asset Management годишна/месечна претплата
ITbrain Anti-Malware годишна/месечна претплата
!itbrainbackupproduct! годишна/месечна претплата

Споредба на Business, Premium и Corporate пакетите