Symantec

Symantec е најголемата корпорација за правење безбедносен софтвер за целосна заштита на компјутерите.

Седиштето на компанијата е во градот Mountain View, во државата Калифорнија, САД.

Symantec е една од водечките компании во IT секторот и се наоѓа на листата најпрофитабилни компании (Fortune 500). Основана е во 1982 год. од Гери Хендрикс, со почетен фокус кон вештачката интелигенција како и податочно ориентирани програми.

Enterprise софтвер

Symantec овозможува безбедност, складирање и управување со податоци и им помага на корисниците (од домашни корисници и мали бизниси, па се до големи корпорации) во заштитата и лесното управување со информациите во критични ситуации, на еден комплетен и ефикасен начин.

Околу 2/3 од приходите на компанијата се наменети за софтвер дизајниран исклучиво за големите организации -“large enterprise”. Ние ја следиме страгеијата на Symantec и со континуирана едукација и надоградба се усовршуваме на двете оснонвни полиња: Enterprise Security and Management и Data Center Optimization.

Symantec Backup Exec 

На полето на Data Centar Optimization ја издвојуваме Symantec Backup Exec  алатката што ни овозможува сигурна заштита на податоците, како и враќање на истите (recovery). Ова претставува решение како за физичката така и за виртуелната околина.

Symantec Enterprise Vault

За да заштедите на набавка на големи дисковни капацитети Symantec ја нуди алатката Symantec Enterprise Vault што овозможува архивирање на податоците, нивно ефективно чување и менаџирање, со напредни можности за пребарување и пронаоѓање неструктурирани информации.

Symantec Endpoint Protection

Од големата палета  продукти, на полето на security го издвојуваме Symantec Endpoint Protection, што претставува најбрза и најефективна алатка за безбедност на корисниците, создадена и за виртуелна околина што, меѓу другото, вклучува: Antivirus & Antispyware; Network Thread Protection; Proactive Thread Protection; Single agent & single Management console. Пакети во кои е вклучена оваа алатка се: Symantec Endpoint Protection; Symantec Endpoint Protection Small Business Edition; Symantec Protection Suite Enterprise Edition и Symantec Protection Suite Small Business Edition.

EndPoint Encryption

Овој софтвер нуди напредна енкрипција на податоци и фајлови. EndPoint Encryption е наменет за превенција од неавторизиран пристап со користење  строга контрола на пристап и моќна енкрипција

ПОВЕЌЕ…