Dell EMC PowerEdge 14G

Пристигна новата генерација која ќе го трансформира начинот на кој работите

Ви ја претставуваме 14-тата генерација на Dell EMC PowerEdge серверите. Создадена без компромиси со цел да донесе значајна разлика во работењето.

Во новата генерација на Dell EMC PowerEdge вградени се последните Intel® Xeon® процесори кои се основа на секој модерен дата центар поради исклучителните перформанси кои истите ги нудат.

Планот на Dell EMC е да започне со дистрибуција на новите PowerEdge сервери во текот на месец Јули 2017.

Зошто да инвестирате во нови сервери?

Свесни сме дека новите апликации бараат се повеќе ресурси, но дали знаете колку навистина е голем падот на перформансите кај вашите сервери?

Неодамнешното истражување на IDC покажува дека за само 5 години перформансите во однос на потребата од ресурси кај серверите се еднакви на само 40% од перформансите кои тој уред ги поседувал кога бил набавен. Со нередовното надградување ИТ инфраструктурата губи 39% од максималните перформанси, ги зголемува и до 40% трошоците за application management и ги зголемува за 148% повисоки трошоци за одржување на серверите.
Заштедата на пари како и подобрите перформанси ја прават набавката на нови сервери за клучните процеси во вашата компанија далеку поисплатлива опција од одржување на застарена инфраструктура. Ова подеднакво важи за големите но и за помалите компании. Избегнете ги високите трошоци за одржување, падот на продуктивноста и можноста за паѓање на системот поради дефекти. Овозможете си развој со помали тековни трошоци и достигнете ги вашите бизнис цели без проблеми со инвестирање во нова технологија.

Во прилог повеќе информации за тоа што ќе нудат новите сервери:

Флексибилна бизнис архитектура

Капацитет и перформанси кои ќе овозможат завршување на секој важен процес

  • Оптимизирани перформанси – без компромиси
  • Флексибилност која ќе овозможи завршување на различни задачи согласно потребите
  • Интегрирано workload ‘boost’ копче

Интелигентна автоматизација

Зголемена ефикасност на дата центарот без потреба од секојдневни проверки

  • Далечникско сетирање за неколку минути
  • Вградена дијагностика и Support Assist за проактивно пронаоѓање на проблеми
  • До 90% побрзо враќање во функција

Интегрирана безбедност

Заштита во текот на целиот животен циклус

  • Најбезбедни сервери на пазарот
  • Вградена заштита од набавката на серверот и редовни надградби
  • Поддршка во текот на целиот животен век со оригинални Dell EMC резервни делови