Microsoft

microsoft

Microsoft е мултинационална компанија што своето производство го фокусира на компјутерска технологија. Овој гигант се занимава со развој и производство на широка палета на софтверски производи.

Microsoft е основана во 1975 година од страна на Bill Gates и Paul Allen и е со седиште во градот Redmond, Вашингтон.

Microsoft производи

Фамилијата на продукти што овој гигант ја произведува е навистина огромна. Овие продукти главно би ги поделиле во неколку категории, и тоа:
Десктоп и серверски оперативни системи: Microsoft Windows и Microsoft Windows Server – достапни во неколку варијанти наменети за различни типови корисници,
Апликациски пакети, како што е Microsoft Office, како и познатите серверски алатки, како што се Microsoft SQL, Microsoft Exchange и други развојни алатки.

Актуелни верзии

Windows 7 и Windows 8 (8.1)

Windows 7 оперативниот систем e наследник на популарните Microsoft Windows XP/Vista. Toj е најупотребуваниот оперативен систем во денешно време.
Windows 8 (8.1) е најновиот продукт на Microsoft и доаѓа во две едиции:

  • Windows 8 едиција наменета за домашно користење, и за мали бизниси.
  • Windows 8 Pro оваа бизнис-фокусирана едиција е одлична за средни и големи бизниси, за работа во мрежа, овозможува зголемена безбедност и е идеална при користење повеќе компјутери
Office 2013

Microsoft Office е сет од апликациски алатки наменети за работење во секоја околина (домашна, бизнис и едукациска). Како главни компоненти на овој пакет ќе ги спомнеме:

  • Word (текст едитор, овозможува креирање документи со високопрофесионален изглед)
  • Excel (алатка за работа со табели, калкулации и графици со моќни алатки за анализа)
  • PowerPoint (моќна алатка за креирање презентации)

Дополнително со Office Pro

  • Outlook (Најкористената апликација за работа со електронска пошта и календар)
  • Access (лесно менаџирање со бази на податоци)

ПОВЕЌЕ…