Dell Technologies

Dell Technologies денес е најголемата приватна ИТ компанија во светот. Формирана е како резултат на спојувањето на Dell и EMC.

Компанијата е поделена во рамки на 3 дивизии со следните подбрендови:

Dell (Client Solutions Group) – која произведува клиентска опрема односно: десктоп компјутери, лаптопи, таблети, монитори, проектори и друга галантерија – овие производи го носат брендот Dell

Dell EMC Infrastructure Solutions Group – серверски и сториџ решенија

VMware – виртуелизација и cloud инфраструктура.

Во рамки на Dell Technologies функционираат и следните 4 бренда: RSA, Pivotal Software, SecureWorks, and Boomi, Inc.

Во решенијата кои ги нудиме ние го имплементираме целосното портфолио на Dell, Dell EMC и WMware производи.

Програмата на Dell EMC која е дел од нашата понуда се состои од персонални компјутери па се до комплексни ИТ системи.

Клиентски решенија – Dell

OptiPlex десктоп компјутери со напредна технологија, приспособени за современите потреби на бизнисот – достапни во Mini Tower, Small Form Factor и Micro изведба.
Latitude преносни компјутери од бизнис класа со напредна технологија, како и small/home user лаптопите од сериите Vostro, Inspirion, XPS и Alienware.
Precision графичките работни станици поседуваат ISV сертификат за работа со напредни графички и бизнис апликации.
Периферни уреди: монитори, проектори и друга опрема.

Решенија за бизнис – Dell EMC:

PowerEdge серверите ги поддржуваат последните ИТ трендови врзани за виртуелизација, Cloud computing итн.
Storage: Dell EMC e бр.1 во светот по продажба на сториџ решенија
Dell Networking бизнис решенијата овозможуваат поврзување на комплетната инфраструктура.

Dell – Клиентски решенија

Dell EMC – Решенија за бизнис