На почетокот на Јануари традиционално се одржува CES саемот на технологија во Лас Вегас. На CES 2019 беа претставени иновациите кои ќе следуваат во 2019-та. Иновациите на Dell во делот на Consumer Electronics освоија многу наргради.

Latitude 7400 е една од иновациите кои привлекоа најголемо внимание. Станува збор за 2 во 1 моќен уред од бизнис класа со одлични перформанси и батерија која му овозможува автономија до 24 часа, а до 80% може да се наполни за само 1 час.