Пристигна новата генерација на Dell Latitude и Latitude 2in1 преносни компјутери.

Под мотото Office everywhere – Dell ја промовира новата генерација Latitude која овозможува да ги завршите вашите обврски од било каде.

Најдоброто од бизнис класата на преносни компјутери сега со уште подобри опции. Dell Latitude и Latitude 2in1 преносните компјутери од последната генерација освен стандардниот висок квалитет и издржливост сега доаѓаат во уште повеќе варијанти прилагодени за секој бизнис корисник.

Официјалното претставување на новата генерација Latitude 2in1 во Македонија ќе се одржи на 25 Април 2018 во рамки на Првата Национална Конференција за PMP & IT Management.

Стандардно уредите се распоредени во 3 класи 7000, 5000 и 3000.

Особено внимание се посветува на највисоката 7000 серија ексклузивни преносни уреди. Тие доаѓаат во ултралесно пакување и носат врвни перформанси. Дополнително изборот е проширен со 2во1 уреди од Latitude 7000 серијата кои се одлично решение за сите оние кои работат во движење.

 

 

%d bloggers like this: