МАКПЕТРОЛ – Dell STORE – Најдобар Трговски Објект за 2018
(I-во место) во категорија компјутерска, аудио-видео и телекомуникациска опрема.

Крајот на годината е период кога треба да се радуваме на успесите постигнати преку целата година. 2018-та за нас беше успешна година, но особено сме горди што годината ја заокружуваме со признание кое многу ни значи – Град Скопје го прогласи МАКПЕТРОЛ – Dell STORE за Најдобар Трговски Објект за 2018 во категорија компјутерска, аудио-видео и телекомуникациска опрема. Истражувањето со помош на тајни купувачи спроведено од SWOT Research само ја потврдува нашата посветеност на клиентите и нивното задоволство.