Доволно компактен за да можете да го носите секаде со себе а сепак доволно моќен за да ги користите сите апликации кои ви се потребни – вашиот лаптоп е клучната алатка кога сте во канцеларија, дома или пак на пат.

Денес постои голема понуда на лаптопи на пазарот, но сепак само мал дел од понудените уреди можат да се пофалат со карактеристики кои би ги задоволиле потребите кои се наметнуваат како резултат на динамичниот начин на живот. Генерално земено потребен ни е уред кој ќе ги обедини следните карактеристики:

  • Перформанси
  • Мобилност
  • Безбедност
  • Квалитетна изработка
  • Дизајн
  • Поддршка

 

Dell посветува сериозно внимание на дизајнот на лаптопи особено на уредите од бизнис класата. Dell преносните компјутери од бизнис класата се поделени во 2 линии Dell Vostro и  Dell Latitude.

Во тек е кампањата за промоција на Dell Latitude и Dell Vostro – aктуелната понуда на конфигурации можете да ја погледнете во ЦЕНОВНКОТ во делот October Sale PROMO

Dell Vostro серијата нуди одлични перформанси и мобилност во едно пакување по достапна цена. Би ги издвоиле Vostro 5000 моделите како најдобар избор во соодносот цена/перформанси/квалитет/дизајн.

Она што на прв поглед доаѓа до израз е премиум дизајнот на Vostro 5370 и Dell Vostro 5471 кој се сместени ви елегантно алуминиумско куќиште. Уредите се тенки (од 15,8 mm) и лесни (од 1,4 kg) што ги прави супер преносливи. Што се однесува до перформансите опремени се со последната генерација на Intel i5 и i7 процесори, а поддржуваат до 32GB рам меморија со што гарантираат одлични перформанси.

За оние на кои им треба најдоброто од бизнис класата Dell ја развива Latitude 7000 серијата. Уредите се карактеризираат со врвна изработка на надворешноста и конфигурација создадена од внимателно избран и тестиран хардвер надополнет со квалитетна софтверска поддршка. Оваа серија практично ги обединува максималните перформанси со одлична мобилност и безбедност.  Latitude 7000 серијата ги нуди едни од најлесните уреди на пазарот со тежина од само 1,19 kg (кај Latitude 7290), одличен дисплеј и батерија која нуди целодневно работење без потреба од дополнително полнење.

%d bloggers like this: