МАКПЕТРОЛ АД – Центар Dell ја доби престижната Dell EMC Platinum Partner плакета како потврда за статусот кој го имаме во односите со Dell Technologies.

Напорната работа, редовно реализираните тренинзи и обуки на нашиот кадар, како и големиот број на реализирани проекти во изминатата година ни го донесоа Platinum Partner статусот во релациите со Dell EMC.

Dell Technologies ја создаде новата партнерска програма по аквизицијата на EMC од страна на Dell во 2016. Целта на истата е да овозможи беспрекорна имплементација на решенијата на Dell EMC. За остварување на оваа цел од партнерите се бара исполнување на стандарди и редовна едукација на кадарот.

Ова признание е гаранција за квалитетот на решенијата кои ги нудиме како и потврда за стручноста на нашиот кадар да ги задоволи и највисоките стандарди.

%d bloggers like this: