На крајот на Март Dell EMC ги додели наградите на најуспешните партнери од регионот.
Dell EMC Partner Awards настанот се одржа во Белград и на него регионалните менаџери на Dell EMC ги прогласија најуспешните партнери.
На Dell EMC Partner Awards 2017 Макпетрол АД е прогласен за Dell EMC Workforce Solutions Partner.
Ова дополнително признание за нашата посветеност доаѓа од најголемата приватна технолошка компанија во светот која Макпетрол – Центар Dell го рангираше во класата на Platinum Partner-и за 2017 за нас е дополнителен мотив за напредок и развој.