Новите технологии и иновации на светскиот технолошки лидер Dell EMC на 7ми декември ќе бидат презентирани на годишниот настан во организација на МАКПЕТРОЛ А.Д. Центар Dell –
“Makpetrol | Dell EMC – Enterprise Architecture Event 2017”

На овој настан пред ИТ професионалци од најуспешните македонски компании ќе бидат презентирани современи решенија чија примена ќе овозможи поголема ефикасност и развој на организациите во кои работат.

На настанот ќе бидат претставени новите техологии и промените во портфолиото на Dell EMC, од клиентски системи, па се до колмплексни бизнис решенија.
Dell EMC изминатата година најави и претстави многу иновации.

Оваа година Dell EMC ја престави новата 14-та генерација на PowerEdge сервери

Лансирањето на 14-тата генрација Dell EMC PowerEdge сервери е навистина значаен чекор бидејќи истата нуди многу иновации и нови можности за корисниците. Главни подобрувања се подобрената флексибилност, автоматиација и зголемената безбедност. Благодарение на последната генарација Intel Xeon процесори перформасите се неколкукратно подобри во споредба со претходните генерации. Важно е да се напомене дека 14-тата генерација на PowerEdge е прва по здружувањето на Dell и EMC.

Тука е и новата генрација на Dell Latitude бизнис лаптопи од кои особено се издвојува моделот Latitude 7285 кој е првиот лаптоп со можност за безжично полнење.
2017-та е јубилејна и за Dell Precision серијата на графички работни станици која прославува 20 години на пазарот. Dell Precision е прв избор на оние кои работат со графика, видео едитирање како и симулации поради врвните перформанси.

Оваа година фокусот на настанот покрај кон клинтски уреди, сервери и сториџ решенија ќе биде насочен и кон hyper converged и modular инфраструктура.

 

 

 

%d bloggers like this: