Макпетрол најдoбар Workforce Solutions Partner на Dell EMC

На крајот на Март Dell EMC ги додели наградите на најуспешните партнери од регионот.
Dell EMC Partner Awards настанот се одржа во Белград и на него регионалните менаџери на Dell EMC ги прогласија најуспешните партнери.

На Dell EMC Partner Awards 2017 Макпетрол АД е прогласен за најдобар Workforce Solutions Partner на Dell EMC.

Ова дополнително признание за нашата посветеност доаѓа од најголемата приватна технолошка компанија во светот која Макпетрол – Центар Dell го рангираше во класата на Platinum Partner-и за 2017  за нас е дополнителен мотив за напредок и развој.

Posted in Новости.