eScan пакет со 60% попуст

Заштитата на податоците од кражба и заштитата на системот од сајбер напади треба да е врвен приоритет за секоја компанија.

ИТ безбедноста е од заеднички интерес за сите, а малите и средни претпријатија не се исклучок. Тие генерално се потпираат врз технологијата и мрежите како и големите претпријатија, но не можат да си дозволат да одвојат средства за управување на безбедноста на нивната мрежа. Решавањето на овој проблем кај многу наши клиенти не поттикна да го создадеме овој промотивен пакет кој одговара на техничките потреби но и на буџетските можности на сите бизниси кои поседуваат до 30 компјутери.

eScan промотивниот пакет се состои од:
  • eScan Anti-Virus for SMB со “cloud” заштита
    (редовна цена по лиценца 761 ден +ДДВ)
  • инсталација, сетирање и поддршка
    (редовна цена по работен час 1500 ден)
ПРОМОТИВЕН ПАКЕТ: 900 ден + ДДВ по лиценца (со вклучени инсталација, сетирање и поддршка)

Најновата верзија на eScan за мали и средни претпријатија со “cloud” заштита е развиена со фокус врз растечките потреби за безбедност на малите и средните претпријатија. eScan за мали и средни претпријатија нуди нова генерација на заштита на корпоративно ниво за малите и средните претпријатија од вируси, шпионски софтвери, спам, фишинг, хакирање, кражба на податоци и “zero-day” закани по многу ниска цена.
Централизираната веб-базирана администраторска конзола му помага на ИТ администраторот да спречи инфекции со малициозен софтвер и да ја зголеми продуктивноста преку контрола на веб пристап и контрола на апликациите.

Предности:
• Спречува заразување со малициозен софтвер, кражба на податоци, загуба на продуктивност и повреда на безбедност.
• Зголемена повеќеслојна заштита
• Намалени ИТ трошоци
• Ги намалува трошоците за управување со безбедноста преку File Reputation услуги, Asset Management, активност на печатење, ADS интегрирање и поддршка за NAC, NAP и VMWARE.

Информации и нарачки на: promo@centardell.mk

Услови за eScan ПРОМОТИВЕН ПАКЕТ:
Понудата важи за компании кои поседуваат до 30 работни станици (компјутери).
Понудата се однесува на ограничен број на лиценци од лагер.
Спроведувањето на инсталацијата се закажува во заеднички прифатлив термин со одговорното лице од Макпетрол Центар Dell (истата најчесто се изведува преку remote поврзување со корисничките уреди)
Купувачот е должен да ги покрие евентуалните патни трошоци за инсталација и сетирање на негова локација.

Posted in Новости.