MAKPETROL | Dell EMC – Event 2016

youtube_brand

Се наоѓаме на почеток на нова индустриска револуција, каде што светот е поинтелигентен и по поврзан од било кога. Новата дигитална економија го трансформира начинот на кој живееме и работиме – создавајќи свет во кој сè е поврзано, каде технологијата ни дава моќ да ги менуваме нештата со само еден допир.

На МАКПТРОЛ | Dell ЕМС Event 2016 презентиравме како може да се искористи новата технологија за напредок и развој на бизнисот.

Ги претставивме новостите во портфолијата од брендовите на најголемата приватна технолошка компанија во светот – Dell Technologies.

Токму оваа  година прославуваме 20 години постоење на МАКПЕТРОЛ Центар Dell, односно 20 години присуство на Dell како бренд на македонскиот пазар.

Имаме чест да ви претставиме едно многу побогато портфолио на нашиот стратешки партнер каде го достигнавме престижниот статус Dell Partner Premier (највисокото ниво на партнерство).
На настанот беа презентирани предностите на Dell EMC портфолиото, од клиентски решенија до high-end enterprise решенија.

Posted in Новости.