Dell Technologies – најголема приватна технолошка компанија во светот

delltech

Со аквизирањето на EMC Corporation од страна на Dell се создаде најголемата приватна технолошка компанија во светот Dell Technologies.

 

Dell Technologies ќе опслужува 98% компаниите кои се наоѓаат на листата Fortune 500. Со оваа аквизиција се формира лидер на пазарот вреден 74 милијарди долари со портфолио со напредна технологија кој решава сложени проблеми за корисниците од најбрзорастечките области.

Dell Technologies ќе го обедини искуството на Dell во сегментот на малите и средни бизниси со технологиите на EMC наменети за големите корпорации.

Целта на компанијата е да ја спои во едно иновативноста, онаква кава што ја нудат стартап бизнисите со врвните решенија и услуги кои ќе го подржат растот на корпорациите корсници на овие технологии. Поради големината на Dell Technologies, истата ќе може повеќе да инвестира во истражување и развој, продажба и маркетинг, услуги и поддршка со што ќе овозможи поефикасни и поекономични решенија за корисниците.

Image result for dell technologies

Posted in Новости.