Нова генерација на Dell Latitude бизнис лаптопи

Новата генерација на Dell Latitude е достапна во Макпетрол Центар Dell.

Под мотото Essential for business. Perfect for you – Dell ја претстави новата генерација на лаптопи од бизнис класата традиционално распоредени во три серии односно Latitude 3000, 5000 и 7000 серија.

Latitude класата нуди врвен квалитет и перформанси во едно единствено пакување. Изборот на соврешениот уред Dell го прави уште полсен со поделбата во 3 серии прилагодени за различни групи на корисници.

Latitude 3000 серијата е атрактивна за нашиот пазар поради достапната цена по која може да се добие уред од висока класа. Иако станува збор за уреди чија цена е атрактивна и блиска до уредите од пониските класи наменети за домашна употреба Latitude 3000 нуди многу повеќе. Внимателно избраните компоненти се оптимизирани и тестирани за одлично корисничко искуство.

Latitude 5000 претставува златната средина кај бизнис класата на Dell – оваа сеија претставува најчест избор поради одличните можности за менаџирање, поврзување на докинг станица, дополнителните системи за безбедност итн. Главно оваа серија е прв избор на големите компании кои сакаат да добијат уред по нивна мерка по разумна цена.

Latitude 7000 е врвот во бизнис класата на Dell – оваа серија се состои од Ultrabook уреди со врвна изработка и квалитет. Овде се вградени врвни компоненти – а главна цел е да се добие лесен, компактен и исклучително моќен производ.

laptop-latitude-3000-15-3560-pdp-polaris-module-5

Зошто Dell Latitude?

Latitude серијата традиционално е прв избор за бизнис поради врвниот квалитет кој Dell го нуди кај оваа класа. Уредите се карактеризираат со квалитетна изработка на надворешноста која е едноставна што може и да се очекува за уред кој е наменет за бизнис употреба. Но затоа внатре се крие одлично подготвена конфигурација која е создадена од внимателно избран хардвер кој надополнет со одлична софтверска поддршка е тестиран и оптимизиран за да може да испорача максимално добри перформанси за корисникот. Dell обрнува особено внимание на поддршката кај оваа серија, затоа и гарантниот рок кај овие уреди е 3 или 5 години. Освен хардверот за разлика од многу други производители Dell редовно прави надградби во делот на софвтерската поддршка, па може да очекувате дека драјверите редовно ќе бидат надградувани многу години по купувањето на уредот.

laptop-latitude-3000-15-3560-pdp-polaris-module-1

Ви ги предлагаме следните конфигурации од новата генерација Dell Latitude:

DELL Latitude 3570 (i5, HD, 4Gb, 500Gb, NoOS)
Intel Core i5-6200U Processor (2.30GHz, 3Mb Cache, Dual Core)
15.6” HD (1366 x 768) Anti-Glare LED Backlit Display
4Gb 1600MHz DDR3 Memory (1x4Gb dimm)
500Gb 2.5” Serial ATA (7,200 Rpm) Hard Drive
Intel HD Graphics 520
Integrated 720p HD Camera
Dell Wireless 1802 Dual-Band (802.11a/g/n) Wi-Fi + Bluetooth 4.1 Card
Integrated 10/100/1000 Gigabit Ethernet Controller
6-Cell 66W/Hr Battery
65W AC Power Adaptor
Internal Qwerty Backlit Single Pointing Keyboard
3  години гаранција

Цена 37.500,00 + 5 % ДДВ

DELL Latitude 3570 (i5, FHD, 8Gb, 1Tb, 920M, NoOS)

Intel Core i5-6200U Processor (2.30GHz, 3Mb Cache, Dual Core)
15.6” Full HD (1920 x 1080) Anti-Glare LED Backlit Display
8Gb 1600MHz DDR3 Memory (1x8Gb dimm)
1Tb 2.5” Serial ATA (5,400 Rpm) Hard Drive
nVidia GeForce 920M Discrete Graphics Card with 2Gb Memory
Integrated 720p HD Camera
Dell Wireless 1802 Dual-Band (802.11a/g/n) Wi-Fi + Bluetooth 4.1 Card
Integrated 10/100/1000 Gigabit Ethernet Controller
6-Cell 66W/Hr Battery
65W AC Power Adaptor
Internal Qwerty Backlit Single Pointing Keyboard
3  години гаранција

Цена 45.000,00 + 5 % ДДВ

Побарајте ги Dell Latitude уредите во едниствениот специјализиран продажен салон за Dell во Македонија – МАКПЕТРОЛ Dell Store во ТЦ Беверли Хилс 1 кат.

Posted in Лаптопи, Новости.