eScan – Anti-Virus and Content Security

escan-logoМакпетрол Центар Dell во својата понуда вклучува уште еден бренд кој се занимава со IT безбедноста – eScan – Anti-Virus and Content Security.

eScan е производ на компанијата MicroWorld која со развој на софтвер се бави од 1993 година. Софтверот е високо рангиран според многу светски магазини кои се занимаваат со оценување на безбедносни софтвери.

Во нашата понуда веќе се достапни пакети за домашна употреба, како и пакети за мали и средни претпријатија.

escan-smbeScan за мали и средни претпријатија со “cloud” заштита
ИТ безбедноста е од заеднички интерес за сите компании, а малите и средните претпријатија не се исклучок. Малите и средните компании, исто така, се потпираат врз технологијата и мрежите како и големите претпријатија, но генерално не можат да си дозволат да одвојат средства за управување на безбедноста на нивната мрежа.
Најновата верзија на eScan за мали и средни претпријатија со “cloud” заштита е развиена со фокус врз растечките потреби за безбедност на малите и средните претпријатија. eScan за мали и средни претпријатија нуди следна генерација на заштита на корпоративно ниво за малите и средните претпријатија од вируси, шпионски софтвери, спам, фишинг, хакирање, кражба на податоци и “zeroday” закани по многу ниска цена. Централизираната веб-базирана администраторска конзола му помага на мрежниот администратор да воспостави заштита на компјутерите на клиентите за да се спречат инфекции со малициозен софтвер и да се зголеми продуктивноста преку контрола на веб пристап и контрола на апликации.

escan

Брошура “eScan за мали и средни претпријатија со “cloud” заштита“

Прочитајте повеќе за можностите кои ги нуди ова решение кое се издвојува по ниската цена наспроти големиот број на можности. Превземете ја брошурата за верзијата eScan за мали и средни претпријатија со “cloud” заштита.

За понуда и било какви прашања поврзани со набавка на eScan производите контактирајте не на dell@makpetrol.com.mk

 

Posted in Новости.