НОВА Генерација Dell Optiplex

8f5b2_op7040mt_lsy_00000f_bkВи ја претставуваме новата генерација на Dell Optiplex бизнис десктоп компјутерите.
Dell претстави многу промени кај новата Optiplex серија.

Нова генерација на Intel процесори

Dell Optipex е веќе е добро познат по брзината, моќноста, издржливоста и пристапната цена. Истиот сега е надграден со новата 6-та генерација на Intel (Skylake) процесори.

Помали димензии

Дополнително има и промена во димензиите на секој од достапните формати. Имено новата генерација Optiplex нуди заштеда на простор односно помали куќишта за сите достапни формати. Притоа воопшто не е намалена можноста за хардверски надградби на системите.

Нова номенклатура

Со новата генерација Optiplex Dell го изедначува именувањето на десктоп машините со лаптопите. Односно сериите 3000,7000,9000 заминуваат во историјата, а новите модели се распределени во 3 класи 3000, 5000, 7000. (Тоа значи дека наследник на серијата 7000 е новата серија 5000, а на серијата 9000 е новата серија 7000).

Зошто Dell Optiplex

Намалени димензии, поголема продуктивност

  • o1Мал, но моќен: Надграден со најновата шеста генерација Intel® Core™ процесори.
  • Мултитаскинг без проблеми: До 32GB најнова DDR4 меморија, заедно со нови PCIe уреди и SSD дискови.
  • Поддршка за три дисплеи: DisplayPort и HDMI поврзување за подобро следење на Вашите задачи, низ повеќе апликации.
  • Зголемени способности: Дизајниран да поддржи повеќе хард дискови и дополнителна дискретна графичка со цел да се овозможи надградба, во согласност со Вашите потреби.
  • Намалено куќиште:  Mini Tower редизајнираната шасија е ~43% помала, а Small Form Factor е намален за ~7%.
  • Безбедни влезови и кабли: Опционалните обвивки за кабли, дизајнирани по мерка, го намалуваат нередот и совршено одговараат на дизајнот на шасијата.

Лесна управливост

  • Најлесна управливост: Менувајте ги BIOS подесувањата и конфигурирајте системи со огромна флексибилност потребна за организациони ИТ инфраструктури.
  • Вие ги држите конците: Алатките на Dell Client Command Suite овозможуваат флексибилни и автоматизирани BIOS или системски конфигурации за Вашата десктоп опрема.
  • Управување од далечина? Нема проблем: Управувајте од далечина со Вашата десктоп опрема со опционалната Intel® vPro™ технологија, заедно со уникатните способности на Dell за out-of-band BIOS управување.
  • Спакувано за изведба: Примајте автоматски известувања за ажурирање од фабрички инсталираното Dell Command | Update.
  • Служи на организации од сите величини: Dell KACE System Management решенија достапни за да ги задоволат потребите на ИТ управувањето.
  • Декор што може да се допре: Лесна интеракција на екранот на допир за целосно доживување, идеално за играње игри или видео монтирање.
  • Проширате ја Вашата дигитална библиотека: 1 TB хард диск уредот има голем капацитет за складирање на Вашите фотографии, музика и дигитални фајлови, така што ќе можете постојано да креирате, меморирате и споделувате нови моменти.
  • Слобода: Вградената безжична технологија со најновата 802.11 ac безжична технологија со голем домет го олеснуваат пребарувањето, пренесувањето податоци и поврзувањето..
  • Подгответе се за гледање филмови: Гледајте ги омилените DVD-ја или инсталирајте софтвер со помош на вградениот оптички уред.
  • Супериорен звук: Уживајте во подобрениот звук од интегрираните звучници, професионално наштелувани од Waves MaxxAudio® Pro.

Најдобра сигурност

0384_pdp-polaris-MT_SFF_Swordfish_7000_module-01Најсигурните Optiplex десктопи се опремени со Dell Data Protection за хардвер и софтвер, заедно со други опционални карактеристики.

  • Централизирано далечинско управување: Прописите за безбедност се задоволени уште со самото купување бидејќи податоците на секој уред се заштитени со Dell Data Protection | Encryption.
  • Опции за автентикација: Само овластени корисници имаат пристап до Вашите податоци со FIPS 201-сертифицирана смарт картичка, читач на отпечаток од прст или читач на смарт картичка без контакт.
  • Безбедно складирање: FIPS 140-2-цертифицираниот TPM и Dell ControlVault додаваат дополнителна хардверска заштита со изолирање на лозинките и ингеренциите на корисникот на посебно контролиран хардверски чип.
  • Блокирање злонамерни софтвери: Dell Data Protection | Protected Workspace иницира апликации во виртуелна средина и воспоставува безбедна средина за само 20 секунди.
  • Безбедност од една конзола: Dell Data Protection | Endpoint Security Suite нуди целосна заштита од закани, управување со автентикација и енкрипција, целосно централно менаџирани.

0384_pdp-polaris-MT_SFF_Swordfish_7000_module-08

 

Posted in Dell, Десктопи, Новости.