PowerEdge 13G сервери

Запознајте ја последната генерација на PowerEdge сервери од Dell

FY15Q3 PowerEdge 13G Launch - Email - Wave 2

Сега е вистинско време за инвестиции во ИТ инфраструктура. Научете како да ја забрзате работата на апликациите, да го олесните менаџментот и да ги оптимизирате податоците за процесирање, чување и подобра мрежна ефикасност.

Новата генерација на Dell PowerEdge сервери поседува:

  • Подобрени опции за менаџнмент
  • Сториџ оптимизиран за широк спектар на апликации и работни задачи
  • Подобри перформанси кои ги следат потребите на современиот бизнис

Со поголема флексибилност, подобрени опции за менаџнмент и повеќе меморија – новата генерација на Dell PowerEdge серверите ќе ви ја зголеми конкурентноста односно ќе добиете “power to do more“.

Зошто е важно да набавите нови сервери навреме?

Како сопственици на стар сервер кој е во функција повеќе години ќе се соочите со повеќе проблеми кои можат да го нарушат вашето нормално функционирање и може да претставуваат кочница за развој.

PowerEdge R730XD 2.5-Inch OEM Rack ServerМожностите за надградби на постарите сервери се исцрпени, а дополнителен проблем е завршувањето на хардверската и софтверската поддршка за истите. Ова значи дека не само што овие сервери веќе не се доволно флексибилни за надградби и инсталации на нови апликации, туку дека со прекинувањето на поддршката од страна на производителот на серверите и Microsoft ставено во прашање е и редовното одржување на истите. Прекинувањето на Microsoft поддршката за постарите верзии на Windows Server значи и поголем ризик од хакерски напади.

Новите сервери и опрема покрај рапидно подобрените перформанси драстично ќе ги намалат трошоците за одржување.

МАКПЕТРОЛ Центар Dell може да ви понуди комплетен миграциски пакет. Ова подразбира дека нема да добиете само хардвер и еден куп главоболки како да ја изведете миграцијата. Ние ви нудиме комплетно решение односно обновување на техниката и миграција на Domain Server, Application Server, File Server во нова побрза и постабилна околина надополнето со ново современо антивирусно решение од Symantec.

За повеќе информации можете да не контактирате на 02/ 3109 713 или на dell@makpetrol.com.mk

Posted in Dell, Новости, Сервери.