Водич за купување на лаптоп: Неколку клучни совети

slika1Денес повеќето од вас поседуваат смартфон или таблет. Овие уреди се практични за користење од причина што се мали па можете да уживате во вашиот кревет додека сурфате на интернет. Сепак кога треба да работите нешто посериозно или едноставно сакате да се опуштите со некој добар филм потребен ви е “вистински“ компјутер. Лаптопот за разлика од смартфоните и таблетите нуди физичка тастатура и е попогоден за мултитаскинг. Доколку претходното се надополни со далеку подобрите перформанси кои може да ги понудат овие уреди јасно е дека поседувањето на лаптоп е потреба речиси за секого.

Има широк спектар на големини, карактеристики и цени на лаптопи, што го прави изборот на вистинскиот уред предизвик. Клучна работа што треба да ја направите пред вашиот избор е да определите какви се вашите потреби, односно за што би го користеле уредот.

  1. Поддршката е клучна при изборот на лаптоп

Ова е веројатно најважната задача при изборот на вашиот нов лаптоп. Голем дел од производителите и продавачите со трката за пониски цени го занемаруваат квалитетот и речиси и да немаат поддршка.

Со цел да ја понудат најдобрата цена и да имаат што поголема продажба, на пазар каде постојат недостатоци во примената на заштитата на правата на потрошувачите, голем дел од продавачите на ИТ опрема едноставно не се оптоваруваат со поддршката и сервисот на продадените уреди. Во сервисите кои ги поседуваат само за да ги исполнат минималните услови за продажба на ваква опрема работи ниско платен, нестручен кадар, уредите се задржуваат многу долго, а во многу случаи и проблемите кои се појавиле кај уредот не се отстрануваат целосно што поради нестручност, што поради не поседување на соодветна опрема и резервни делови.

Поради ова немојте веднаш да го купувате уредот од онаа продавница која ја нуди најдобрата цена! Уредот кој на почеток ќе го купите по нешто пониска цена, подоцна може да ве оптовари со високи трошоци за одржување особено по истекот на гарантниот рок.

Проверете ги следниве работи:
  • service2

    Компаниите кои соработуваат со финансиски институции, јавен сектор и големи компании се најдобро снабдени со резервни делови и имаат квалитетна поддршка!

    Колкав е гарантниот рок на уредот?

Барајте уреди со што подолга гаранција – за ИТ опрема идеална гаранција би била 5 години – во просек тоа е времето на амортизација на ваквите уреди па целиот животен век вашиот уред ќе биде под гаранција и сите сервиси за вас ќе бидат бесплатни.

  • Дали продавачот поседува сопствен овластен сервисен центар?

Побарајте продажен и сервисен партнер кој е овластен од страна на производителот на опрема.

  • Дали и по истекот на гарантниот рок ќе можете да набавите резервни делови?

Доколку сакате сигурен и стабилен сервисен партнер проверете ја референтната листа на компанијата. Компаниите кои соработуваат со финансиски институции, јавен сектор и големи компании се најдобро снабдени со резервни делови и имаат квалитетна поддршка.

  1. За што би го користеле лаптопот?

Работа – Без разлика дали сте бизнисмен, административен работник или студент, доколку вашата главна цел е пишување и уредување на текст, табеларни пресметки и манипулирање со креирање на презентации. сигурни сме дека ќе сакате лаптоп со добра тастатура, издржлив дизајн и квалитетен екран. Наша препорака се лаптопите од серијата Dell Latitude.

Gaming Ако играте игри кои бараат солидни перформанси и графика тогаш изберете лаптоп со процесор од висока класа и квалитетна дискретна графичка карта. Важно е истиот да поседува екран со висока резолуција (препорачуваме 4К) и добри звучници. За ваква моќна конфигурација очекувајте да потрошите над 1000 евра.

Наша препорака е Dell Alienware – нема потреба дополнително да се опишува – едноставно Alienware е сон на секој гејмер.

Графички дизајнДоколку се занимавате со едитирање на видео материјали и фотографии или пак работите со софтвери за 3D дизајн од типот на SolidWorks и AutoCAD Вам ви треба лаптоп со моќен процесор и дискретна графика. Препорачуваме истиот да поседува Solid State Drive (SSD) диск и екран со висока резолуција – најмалку Full HD.

Препорачуваме да изберете Dell Precision – пренослива графичка работна станица која овозможува одлични перформанси.

Сурфање на интернет / користење на електронска пошта / забаваКога компјутерот ви е потребен за овие неколку едноставни задачи тогаш најдобро е да изберете решение кое нема многу да го оптовари вашиот семеен буџет. Лаптопите од серијата Dell Inspiron се вистинско решение во ваква ситуација. Оваа серија нуди најдобар однос кога во прашање се цената и перформансите.

За различни намени – Доколку не можете да се вброите во некоја од претходните категории односно ви треба лаптоп со избалансирани перформанси за повеќе работи истовремено (работа, гејминг, интернет итн.) тогаш изберете бизнис лаптоп од средна класа, со солидна поддршка, но со пристапна цена. Наша препорака е некој од моделите на Dell Latitude – 15.6″ бизнис лаптоп со одлични перформанси и 3 години гаранција.

  1. Изберете ја вистинската големина

laptopiНавистина е важно правилно да ја одредите големината на лаптопот. Лаптопите главно се сортирани според големината на екранот:

11 до 12 инчи: најтенките и најлесни системи имаат 11 до 12-инчен екран и обично тежат нешто повеќе од килограм. Сепак екранот и тастатурата на овие уреди може да бидат тесни за некои корисници.

13 до 14 инчи: Оваа големина обезбедува најдобар баланс на преносливост и употребливост. Лаптопите со 13 или 14-инчен екран обично тежат околу 2 килограми и лесно се вклопуваат во вашиот скут, а сепак имаат прифатлива големина на тастатура и екран.

15 инчи: Најпопуларна големина, 15-инчните лаптоп компјутери обично се најдостапни и обично тежат 2-3 килограми. Ако не планирате да го носите вашиот лаптоп секој ден, тогаш 15-инчен систем може да биде добар избор за вас. Повеќето 15-инчни модели имаат DVD читачи, но ќе заштедите на тежина ако изберете лаптоп без ваков уред, одредени системи овозможуваат во просторот за DVD читач да се вгради втор хард диск.

17 до 18 инчи: Ако сакате голем екран, 17 или 18-инчните системи можат да обезбедат моќ на процесирање доволна за вистинските гејмери или за оние на кои им е потребна моќна пренослива работна станица. Габаритот на овие компјутери дозволува во нив да се вградат моќни процесори и графички карти. Сепак не очекувајте дека ќе добиете лесен лаптоп кој секојдневно и секаде ќе го носите со вас – овие лаптопи знаат да тежат и повеќе од 3 килограми.

  1. Проверете ги тастатурата и тачпадот

touchpadНајимпресивните перформанси не секогаш гарантираат добра ергономија! Пред да го направите изборот доколку сте во можност посетете некој од изложбените салони и проверете дали тастатурата и тачпадот ги задоволуваат вашите потреби. Доколку планирате да работите навечер препорачуваме да изберете тастатура со позадинско осветлување.

  1. Проверете ги перформансите

Задолжително проверете ја спецификацијата на уредот кој ви се допаѓа. Консултирајте се со стручно лице околу изборот на соодветни перформанси. Најдобро е да изберете процесор од последната генерација бидејќи поновите процесори трошат значително помалку енергија додека испорачуваат подобри перформанси.   Внимавајте! –   голем дел од уредите кои се “на промоција“ и имаат навидум неверојатно ниска цена, се всушност уреди кои долго време стоеле во продавницата и перформансите на истите со оглед на брзиот напредок на технологијата не се доволно конкурентни на новите модели.

  1. Батерија

Кога купувате лаптоп претпоставуваме дека не сакате да сте врзани за електричната мрежа. Затоа обрнете внимание на автономијата на вашиот лаптоп со батеријата која ја поседува. Доколку сакате поголема автономија нарачајте уред со помоќна батерија. Информирајте се кај продавачот и за цената на заменска батерија за уредот кој ви се допаѓа. Кај одредени брендови кои промовираат уреди по ниски цени заменска батерија знае да чини и до половина од цената на нов таков уред.

Доколку сеуште сте во дилема околу изборот на вашиот лаптоп или друга ИТ опрема обратете се во Макпетрол АД Центар Dell каде ќе добиете персонализирана понуда прилагодена на вашите потреби и буџет.

Влатко Аврамоски

Posted in Совети.