Microsoft го најави Windows 10

На 31.09.2014, Microsoft, како што беше најавено, ја претстави наредната верзија од својот Windows оперативен систем. Можеби едно од најголемите изненадувања, иако беше најавено ново име, беше именувањето на оперативниот систем. Новото име на оперативниот систем е Windows 10, а не како што се очекуваше Windows 9, Windows One, Windows Threshold или едноставно Windows. Joe Belfiore изјави дека иако со ова именување тие ја прескокнуваат бројката 9, кога ќе почнеме да го користиме системот, ќе се сложиме дека бројката 10 е заслужена.

Што се однесува до останатите промени, односно промените кои што вас како корисник ќе ве интересираат, Windows 10 ги вклучува повеќето најавени преку неофицијални информации. Сепак, видеата и сликите, како што беше најавено доколку беа точни, се од постари тест верзии, па она што беше претставено изгледа нешто поразлично.

Една од главните најави на презентацијата беше новата Windows Insider програма која вклучува симнување на Technical Preview верзија од оперативниот систем, како и добивање на фидбек од корисниците, врз основа на која што системот ќе биде граден во периодот што следи.

Финалната и официјална верзија од Windows 10 се очекува да биде достапна некаде на половината од идната година.

Што ново донесува Windows 10 ?

Start мени и пребарување (Search)

Како што беше најавено и од страна на Microsoft, Start менито се враќа во Windows 10. Истото е направено како комбинација помеѓу старото Start мени во Windows 7 и модерната Windows 8 околина. На левата страна се поставени „обичните“ програми, додека на десната страна „Живите плочки“. Плочките може да се додаваат, тргаат, да им се менува големината, а сето тоа ќе ја промени и големината на новото Start мени.

Виртуелни десктоп околини и мултитаскинг

Како што исто така беше најавено, Windows 10 вклучува виртуелни десктоп околини, нешто одамна достапно на Linux базираните оперативни системи. Околините ќе се менуваат преку притискање на ново копче достапно на taskbar-от, преку кое што ќе се покренува новата „Task View“ функција.

Исто така, Snap функцијата, која што ви овозможува подредување на прозорите од две апликации на по половина од екранот, вклучува подобрувања. Сега кога ќе ја ставите едната програма на едната половина од екранот, Windows 10 ќе ви даде предлог од останатите вклучени програми лесно да ги поставите на другата половина. Покрај тоа, Snap функцијата сега вклучува можност да поставите до 4 програми, секоја на ¼ од екранот. Модерните апликации исто така ќе може да се постават на дел од екранот преку оваа функција.

Една од поважните работи, исто така најавени, е можноста на модерните апликации да функционираат во посебен прозор на десктоп околината.

Комплетниот текст прочитајте го на http://www.smartportal.mk/

Posted in Новости.