Сервис и поддршка

Производите и услугите од портфолиото на МАКПЕТРОЛ АД Центар Dell најчесто се дел од целосни решенија и дизајнирани согласно со потребите на корисниците и подобрувањето на нивното работење.

Од овие причини поддршката на производите од портфолиото на МАКПЕТРОЛ АД Центар Dell има се поголемо значење во нашето работење. Исто така, МАКПЕТРОЛ АД Центар Dell се стреми да ги следи светските бизнис-трендови што се карактеризираат со продажба на услуги и целосни решенија. Ваквата поддршка има за цел да го зголеми задоволството во користењето на производите и решенијата на крајните корисници.

Сервис 24×7

Нашиот тим на искусни информатичари е расположлив на териотријата на цела Македонија по принципот 24 х 7. Воедно МАКПЕТРОЛ АД Центар Dell воспостави интегриран систем за следење на секој сервисен процес на Вашите уреди што ја подобрува ефикасноста на услужните процеси, помага во мониторирање на доверливоста на производите и стимулира персонализирана услуга за секаков тип корисници.

 

КОНТАКТ СЕРВИС

ул. Васил Ѓорѓов бр. 33 1000 Скопје, Македонија

+389 (0)2 3109 723 (сервис)

+389 (0)2 3124 624 – факс

dellservice@makpetrol.com.mk

Сервисот се наоѓа во рамки на деловниот простор на Центар DELL: