Референтна листа

Нашата референтна листа сведочи за големиот број реализирани проекти во скоро сите области. Како пример ќе наведеме некои од нашите поголеми проекти групирани според дејноста:


Телекомуникации

1T-Home & T-Mobile – Довербата што ја имаме од овие две компании, ни дава голем потик да продолжиме по истата патека. Станува збор за дефинитивно наш најголем корисник (посебноT-Home) со испорака на над 2000 компјутери. Во овие компании Dell и МАКПЕТРОЛ (Центар Dell) сe преферирани компании, а да се има доверба од најуспешните компании од нашата Република навистина вреди. Само како пример во 2010 година во овие две компании се испорачани 40 персонални компјутери (Optiplex), како и 325 преносни компјутери (Latitude).

One – нашата присутност и соработката со оваа компанија, меѓу другото, ќе ја споменеме со проектот за испорака на 2 x Dell EMC storage, 10 x Blade Serveri, FC Switch и друго, како и последниот проект за целосно решение за виртуелизација со испорака на EqualLogic storage, Dell PowerEdge сервери како и софтверот VMware Essential.

Blizoo – Во оваа компанија голем дел од серверската инфраструктура е Dell опрема (повеќе од 30 Dell PowerEdge сервери), а, меѓу другото, реализиран е и проект за испорака на два storage од портофиото на Dell (Dell|Emc & Dell PowerVault), подоцна испорачани се Dell EqualLogic и Dell Blade сервери.

Здравство

2Фонд за здравствено осигурување – Проект преку светската банка каде што се испорачаа 310 персонални компјутери, Dell Power Edge сервери, Dell PowerConnect Switch’s, Cisco како и друга опрема.

Клиника за кардиологија – Целосна миграција на постојниот физички систем на нов систем базиран на виртуелна околина под VМware софтвер како и Dell PowerVault storage и Dell PowerEdge сервери. Исто така, се постави целосен нов систем за антивирусно решение со лиценци од Symantec.

Клиника за онкологија – Целосна миграција на постојниот физички систем на нов систем базиран на виртуелна околина под VМware софтвер како и Dell PowerVault storage и Dell PowerEdge сервери. Исто така, се постави целосен нов систем за антивирусно решение со лиценци од Symantec. Покрај оваа опрема се направи испорака и на Dell Optiplex компјутери.

Игри на среќа:

3Државна лотарија на Македонија – Станува збор за наш најголем според вредност проект, со испорака на целосна инфраструктура, Dell EMC Storage, Dell Blade PowerEdge сервери, комуникацискa опрема Cisco, како и софтвер за приредување игри на среќа.

Flamingo casino – Инсталација и сетирање на Dell EMC storage, заедно со многу Dell PowerEdge сервери, Cisco опрема како и Symantec софтверско решение.

Банкарство, финансии и осигурување:

4Комерцијална банка  – Во оваа компанија на неколку пати имаме испорачано Dell опрема, само во 2009 година испорачани се 200 х Оptiplex персонални компјутери, а во 2010 година е со неколку high-class Dell PowerEdge сервери.

Уни банка – Наш голем корисник, само во 2010 година се испорачани 100 х Dell Optiplex персонални компјутери, како и последното решение со испорака на Dell Blade Chassis 1000M, заедно со Dell Blade сервери и софтвер за виртуелизација (Vmware)

Alpha Bank – Во оваа банка ќе го споменеме disaster recovery решението со Dell EMC storage во Скопје и во Охрид, како и испорака Symantec софтвер за бекап.

Societe Generale – Во оваа банка на редовна комуникација досега се испорачани над 100 персонални компјутери.

Осигурување Македонија  – Набавка и имплементација на решение за енкрипција на клиентски уреди со централизирана алатка за управување базирана врз Symantec PGP технологија.

Бизнис сектор:

5NetCetera: Испорака и инсталација на голем број Dell PowerEdge сервери, како и Dell Storage со договор за годишнo одржување

Виталија: Миграција на постојната инфираструктура на целосно нова инфраструктура базирана на VМware виртуелна околина, како и на Dell PowerEdge и Dell PowerVault storage. Испорака и инсталација на Symantec лиценци

Окта: испорака и инсталација на Dell Optiplex, Dell Latitude клиентски компјутери, како и Dell PowerEdge сервери

Hi-Tech: Испорака на голем број Dell Precision и Dell Optiplex работни станици, како и Dell PowerEdge сервери поврзани со Dell PowerVault storage.

Суташ: Поставување нов систем базиран на виртуелна VМware околина, како и Dell PowerEdge сервери, Dell PowerVault storage, Dell PowerConnect преклопници, како и испорака на Dell Optiplex, Dell Latitude работни станици.

Државни Институции:

6Управа за јавни приходи – Наш голем корисник, повеќе проекти, од кои ќе го споменеме проектот каде што се испорачаа 175 х Optiplex персонални компјутери, како и 30 х Latitude преносни компјутери

Министерство за Економија – Неколку проекти, како, на пример, последниот каде што се испорачаа неколку Dell PowerEdge сервери, понатаму Dell PowerConnect свичеви, како и Cisco опрема.

Биро за развој на образованието – Проект со испорака Dell Optiplex, Dell PowerEdge, Symantec и Microsoft опрема.

Државен завод за статистика – Проект за централизиран систем. Испорка и инсталација на Dell SAN Storage, Dell NAS Storage, Dell PowerEdge сервери, како и целосна миграција на постојната физичка инфраструктура во нова виртуелна инфраструктура базирана врз Microsoft платформа. Поставување централизирано Backup решение за целата виртуелна инфраструктура.

Образование:

7Фон Универзитет – Проект за Digital Learning, еден од нашите најголеми проекти во едукациската установа, поставена е целосната инфраструктура преку Dell PowerEdge сервери, Cisco, како и испорака на 1915 Dell Latitude преносни компјутери

Nova High School – Проект каде што се инсталираше Symantec софтвер, на Dell PowerEdge Serveri.

Економски факултет – Испорака на Microsoft лиценци и миграција на целокупната инфраструктура нa верзиите Windows server 2012, Exchange Server 2013, како и автоматска миграција на сите клиенти на Windows 7 Professional, користејќи го Microsoft System Centar Configuration Manager

Земјоделски институт – Систем за поставување на web базирано GIS решение. Испорака и конфигурација на Dell PowerEdge сервери, Dell Equallogic storage, и креирање нов виртуелен систем на Vmware платформа, како и испорака и инсталација на Microsoft и Symantec лиценци.