За Нас

НАША ИСТОРИЈА

Почетоците на МАКПЕТРОЛ АД на полето на информатиката се појавуваат уште од 70-тите години. Најпрво работи на воспоставување на свој сопствен информационен систем, а подоцна, кон крајот на 80-тите, МАКПЕТРОЛ се појавува како компанија што нуди софтверски решенија, и успева да реализира многубројни проекти во Македонија, како и да имплементира решенија во неколку компании ширум поранешна Југославија како ПТТ Пула, Кикинда и други.

Имајќи го во предвид брзиот раст на информатичката технологија, од 1996 година МАКПЕТРОЛ АД станува застапник на фирмата Dell од САД – Тексас.

Профил на Центар Dell

ВИЗИЈА

Визијата на МАКПЕТРОЛ АД – Центар Dell е да бидеме ИТ компанија што на своите клиенти ќе им обезбеди:

  • Висок квалитет на производи, услуги, совети за постигнување идеално ИТ решение;
  • Континуирано модернизирање на своите производи и услуги, едукација и сертификација на своите вработени за сите тековни новитети, анализа на пазарот и истражување на потребите на корисниците;
  • Комплетни систем интеграторски решенија на своите клиенти преку поставување на целосната инфраструктура, мрежна пасивна и активна опрема, интеграција на целокупната компјутерска опрема, инсталација на други системски решенија што ќе овозможат безбедно, брзо и сигурно работење во компанијата и по желба дизајнирање на апликативни решенија кај определени купувачи;

За да се оствари оваа визија нашето работење е базирано врз неколку главни начела, и тоа:

  • Партнерства со водечки светски ИТ компании како што се Dell, Symantec, Microsoft, Cisco, VMware, и други.
  • Клиентите се секогаш на прво место во нашата деловната филозофија, и секогаш сме посветени на задоволување на барањата на истите, нудејќи квалитет и воспоставување светски стандарди на македонскиот пазар;
  • Тимска работа во компанијата, создавање пријатна атмосфера и солидни услови за работа за секој поединец, притоа, се разбира, следејќи ги ИСО стандардите;
  • Постојана едукација на својот кадар следејќи ги новитетите на ИТ индустријата во светот.